Центристичките групи во Европскиот парламент се закануваат дека ќе го блокираат планот на Урсула фон дер Лајен

Од:

Четири центристички групи во Европскиот парламент побараа претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, да направи големи измени во нејзиниот план за следниот седумгодишен буџет на ЕУ, објави „Политико“.

Групите се закануваат дека ќе отфрлат клучен дел од буџетот за 2028-2034 година на следната пленарна седница на 12 ноември, освен ако нивните барања не бидат исполнети во новиот ревидиран предлог на Комисијата.

Пратениците се противат на „националните планови“ на Комисијата – идејата за здружување на средствата за земјоделците и регионите, кои сочинуваат околу половина од вкупниот буџет на ЕУ од 1,8 трилиони евра – во единствени фондови управувани од 27-те влади на блокот. Тоа е промена од сегашниот систем, каде што регионите играат клучна улога во управувањето со финансирањето.

Во писмо потпишано од конзервативниот шеф на Европската народна партија, Манфред Вебер, социјалистот Ираче Гарсија, центристката Валери Хејер од Обновата на Европа и Зелените, Бас Ајкут – лидерите на политичките групи тврдат дека Парламентот ја предупредил Комисијата уште од почетокот на преговорите дека се против идејата за национални планови.

„За жал и јасно е дека ова е она што го предложи Комисијата. Европскиот парламент не може да го прифати ова како основа за започнување преговори“, се наведува во писмото, чиј нацрт беше објавен од „Политико“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Вучиќ: Девојката ме остави, не можев да се освестам цела година, исто е и со Европа

Катерина Ѓуровски

ЕУ ѝ довери итна задача на претседателката на Европската Комисија

Горан Наумовски

Фон дер Лајен: ЕУ наскоро ќе претстави голем инвестициски пакет за Гренланд

Горан Наумовски

Фон дер Лајен: Поважно од кога било да се фокусираме на Украина

Фон дер Лајен: Данска и Гренланд имаат целосна европска поддршка

Мема: Урсула фон дер Лајен се обидува да ја претвори ЕУ во Четвртиот Рајх