Цената на вакцината Спутник V ќе биде 21 евро за две дози

Од:

Руското Министерство за здравство ја одреди максималната цена на вакцината против коронавирусот Спутник V на 1.942 рубљи за две дози (21,5 евра), изјави денеска Алексеј Кузњецов, помошник министер за здравство.

– Министерството за здравство на Русија ја регистрираше максималната цена на производителот на вакцината за спречување на инфекцијата со коронавирусот Спутник V, што ја разви Националниот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија Гамалеја. Тоа е 1.942 рубљи за две дози, изјави тој за руските медиуми.

Кузњецов додаде дека цената на кутија со пет комплети од две дози е утврдена на 9.710 рубљи (околу 108 евра).

– Вакцинацијата на руските граѓани ќе биде бесплатна и апсолутно доброволна, истакна тој.

Руската Влада претходно ја додаде вакцината на списокот на основни лекови.

Би можело да ве интересира

Москва почна масовна вакцинација со Спутник V

Катерина Ѓуровски

Руската вакцина против Ковид-19 пристигнува во Србија неделава, земјата е заинтересирана да ја произведува

Жарко Настоски

ЕУ ја одбива руската вакцина против коронавирусот „Спутник V“

Жарко Настоски

СЗО сака да ја вклучи руската вакцина против коронавирусот во списокот за итна употреба

Жарко Настоски

Русија ја забрзува процедурата за регистрација на вакцината „Спутник 5“

Жарко Настоски

СЗО почна разговори со Москва за проверка на руската вакцина за Ковид-19

Жарко Настоски