Во Багдад е прогласен полициски час кој почнува денеска рано наутро, соопшти ирачкиот премиер Адел Абдул Махди по дводневните протести во кои загинаа девет и беа повредени повеќе од 200 луѓе.
– На сите возила и лица целосно им е забрането движење од четврток во пет часот до понатамошно известување, вели Абдул Махди во соопштение.
Полицискиот час не важи за оние кои патуваат кон или од аеродромот во Багдад, амбулантни возила, владини службеници во болници и служби за дистрибуција на електрична енергија и вода, како и аџии.
Ирачкиот премиер изјави дека од регионалните власти зависи дали ќе воведат полициски час на нивните територии.
Претходно, полициски час беше прогласен во три јужни градови Насирија, Амара и Хила.