Бжанија: Останувам на функцијата избран претседател на Абхазија

Од:

Претседателот на Абхазија, Аслан Бжанија денеска изјави дека останува на позицијата избран претседател на Република Абхазија и потврди дека власта и опозицијата не можат да најдат компромис за ниту едно прашање.

„Постои закон и од гледна точка на законот јас сум избран претседател. Мојот став не е променет, дадов изјава и денеска го повторив. Ова е став на претседателот, владата, властите на Република Абхазија, што нема да биде сменето“, рече Бжанија, пренесува ТАСС.

Парламентот на Абхазија на 15 ноември требаше да го разгледа прашањето за ратификација на договорот со Русија за реализација на инвестициски проекти, но седницата беше откажана бидејќи пратениците не можеа да се согласат за усвојување на дневниот ред.

Би можело да ве интересира

Полска уапси руски пропагандист, па и го предаде на Украина, тој е обвинет за велепредавство

Баербок: Преговорите меѓу Русија и САД се во ќорсокак

Ритер: САД ќе се согласат со повеќето услови на Русија за решавање на конфликтот во Украина

Киев: Русите регрутираат млади државјани на Украина за терористички и диверзантски активности

Русија: Не може да го прифатиме сегашниот мировен договор на претседателот Трамп

Руските специјалци убија напаѓач кој пукаше од покривот на зграда во Мурманск