На поранешниот американски претседател Џорџ Буш помладиот денеска му беше извршена успешна операција за време на која му е ставен стент поради запушување на срцевата артерија.
Неговиот портпарол Фреди Форд изјави дека хируршката интервенција била извршена во клиника во Тексас. Запушувањето на артеријата му било откриено вчера за време на рутински преглед.
Поранешниот претседател на САД се чувствувал добро и утре ќе биде отпуштен од болница, а веќе в четврток ќе може да им се врати на вообичаените обврски.