Властите во Буркина Фасо прогласија тридневна жалост откако 30 лица загинаа во напади во главниот град на земјата Уагадугу.
Претседателот Рох Марк Кристијан Каборе во обраќањето порача дека жителите на Буркина Фасо мора да се обединат против тероризмот.
Каборе, исто така, најави дека ќе бидат зголемени безбедносните мерки во главниот град и другите поголеми градови, како и пограничните делови на земјата.
Меѓу жртвите во терористичкиот напад на хотелот „Спелндид“ и околните згради во Уагадугу има државјани на 18 земји, објави денеска „Раша Тудеј“.
Засега е познато дека меѓу жртвите има шест Канаѓани, четири Украинци, едно италијанско семејство, двајца Швајцарци и по еден Холанѓанин и Американец.