Најмалку 13 војници загинаа, а осум се повредени во заседа во Буркина Фасо, наводно организирана од исламски екстремисти.
Армијата на Буркина Фасо соопшти дека неколку напаѓачи се убиени.
Војската, наводно, воспоставила безбедност во провинцијата Гурма благодарение на воздушната поддршка.
Војската спроведува операции од големи размери веќе неколку дена за да ја врати контролата врз неколку области кои ги држат исламските екстремисти, вклучувајќи ги Пама, Маџоари и Футури, се наведува во соопштението.
Армијата дојде на власт со државен удар во јануари под изговор дека претходната владејачка структура не направила ништо за да го сузбие џихадистичкото насилство.
Хунтата вети дека ќе ја заштити Буркина Фасо од џихадистите поврзани со Ал Каеда и Исламската држава.
Извор: МИА