Буркина Фасо: Гардата ги притвори привремениот претседател и премиер

Од:

Претседателската гарда на Буркина Фасо, што го поддржува сменетиот претседател Блез Компаоре, ги притвори привремениот претседател и премиер, што претставува опасност од државен удар само неколку недели пред претседателските избори.

Претседателот Мишел Кафандо и премиерот Ајзак Зида се приведени на состанок на државниот кабинет во претседателската палата во Уагадугу, пренесува Би-Би-Си.

Пред неколку дена државната комисија предложи претседателската гарда да биде расформирана.

Во октомври 2014 година во главниот град на Буркина Фасо дојде до насилни улични протести, во кои е запален и парламентот, а немирите резултираа со смена на долгогодишниот претседател Компаоре.

Би можело да ве интересира

Најмалку 33 војници загинаа во напад на џихадисти во Буркина Фасо

Ана Ололовска

Буркина Фасо побара повлекување на француските војници од нејзината територија

Ана Ололовска

Во Буркина Фасо пронајдени телата на 28 убиени

Грифитс: Глад во Буркина Фасо, некои жители јадат само листови

Ана Ололовска

Буркина Фасо: Соборениот лидер на хунтата Дамиба се согласи да поднесе оставка

Ана Ололовска

ЕУ го осуди новиот државен удар во Буркина Фасо, втор за осум месеци

Ана Ололовска