Бури и поплави во Јапонија и Мексико

Од:

Лошите временски услови низ светот продолжуваат, откако денеска тајфун го погоди централниот дел на Јапонија а тропска бура и ураган удрија на брегот на Мексико.
Тајфунот „Ман-ји“ принуди евакуација на околу 300.000 јапонски домаќинства, а постои опасност бурата да ја погоди оштетената нуклеарна централа „Фукушима“.

Најмалку четири лица се исчезнати, 65 се повредени и над 860 куќи поплавени, јави јапонската државна телевизија НХК.

Тропската бура „Мануел“ во неделата го погоди крајбрежјето на Мексико, додека ураганот „Ингрид“ мина низ источниот дел на Мексико носејќи поројни дождови, одрони и поплави во кои најмалку 21 лице загина.

Над илјада луѓе во Мексико се евакуирани, а најмалку 11 лица загинаа во одморалиштето Акапулко.

Пристаништето и меѓународниот аеродром во Акапулко се затворени како и автопатот што ги поврзува Мексико Сити и Акапулко поради поплави и одрони во југозападната сојузна држаава Гереро.

Би можело да ве интересира

Анкета: Рекорден број Американци се идентификуваат како ЛГБТК+

Судот го одобри планот на Трамп: Вработените во УСАИД одат на принуден одмор

Маск со уцена до Киев: Договор за минералите или нема повеќе Старлинк

Чистката во војската: Трамп го отпушти највисокиот генерал

Предраг Петровиќ

Путин до рускиот банкар: Илон Маск ќе и се врати на науката., здружете ги силите со него

Предраг Петровиќ

Путин за моќното оружје: Температурата на боевата глава е иста како температурата на површината на Сонцето

Предраг Петровиќ