Бунтовничките сили во Источна Украина бројат 32.000 лица

Од:

Бунтовничките сили во Источна Украина бројат 32.000 лица, од кои 10.000 се руски војници, соопшти украинското Министерство за одбрана.

– До денес 32.400 лица се борат на територија на Донбас. Меѓу 6.000 и 10.000 од нив се војници од руските вооружени сили, а другите се платеници од странство и локални жители, изјави претставникот на Генералштабот на украинската армија Олександр Розмазнин.

– Во изминатите денови се убиени 299 руски војници, а 190 се ранети во борби во реонот на аеродромот во Доњецк, каде со месеци се водат жестоки судири, додаде тој.

Меѓу платениците најмногубројната група е составена од Чеченци, верни на претседателот на таа република во рускиот Кавказ Рамзан Кадиров, по кои следат руските козаци, истакна Розмазнин.

Освен Руси, украинската армија заробила платеници од Израел, Србија, Шпанија, Италија и дури од Бразил, рече претставникот на украинскиот Генералштаб. Неговите изјави не можат да се потврдат од независен извор.

Би можело да ве интересира

Зеленски го претстави победничкиот план, има пет точки

Серија воздушни напади врз Киев

Тарнер: Украина има право да пука во цели во Русија

Русија: Евакуиравме над 30.000 луѓе од пограничните области со Украина

Русија: Околу 112.000 луѓе евакуирани од украинскиот упад во областа Курск

(ВИДЕО) ХУР: Уништен е стратешки руски воен авион