Бугенвил изгласа независност од Папуа Нова Гвинеја

Од:

Жителите на јужниот пацифички регион Бугенвил на референдум гласаа за отцепување од Папуа Нова Гвинеја, јави ДПА.

Претседателот на Комисијата за референдум во Бугенвил, Берти Ахерн, соопшти дека 98 отсто од важечките гласачки ливчиња се изјасниле за независност. Единствена друга опција на гласачкото ливче беше поголема автономија од Папуа Нова Гвинеја.

Историскиот референдум е необврзувачки, а за независноста сега ќе преговараат лидерите на Бугенвил и Пауа Нова Гвинеја. Последен збор ќе има парламентот на Папуа Нова Гвинеја, а процесот на стекнување независност би можел да трае со години, оценува германската новинска агенција ДПА.

Референдумот е клучен дел од мировниот договор од 2001 година, со кој беше ставен крај на граѓанската војна, во која загинаа најмалку 15.000 луѓе. Насилствата во Бугенвил почнаа кон крајот на 1980-те години, по судир поради огромен рудник на бакар во градот Пангуни. Тој рудник беше голем извор на зароботувачка за Папуа Нова Гвинеја, но многумина во Бунгевил сметаа дека немаат корист од тоа и забележуваа дека се нарушува нивниот традиционален начин на живот.

Од судирите, рудникот е затворен.

Би можело да ве интересира

Тројца загинати во разорниот земјотрес во Папуа Нова Гвинеја

Десетици луѓе се убиени во Папуа Нова Гвинеја

Австралиски универзитетски професор и студенти киднапирани во Папуа Нова Гвинеја

Горан Наумовски

Најмалку пет лица загинаа во земјотресот од 7,6 степени што ја погоди Папуа Нова Гвинеја

Горан Наумовски

Три жртви во земјотрес со јачина од 7,6 степени во Папуа Нова Гвинеја

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Силен земјотрес со јачина од 7,6 степени ја погоди Папуа Нова Гвинеја

Горан Наумовски