Буданов: Се враќаме на Крим

Од:

Денеска се огласи шефот на Главната разузнавачка управа на Министерството за одбрана на Украина, Кирило Буданов.

Тој рече дека акциите на украинските одбранбени сили нема да бидат ограничени само на удари врз „привремено окупираниот Крим, бидејќи вистинската копнена операција е дел од планот“.

„Значењето на специјалната операција на привремено окупираниот Крим е во тоа што луѓето веруваат дека победата, нивното ослободување и враќање на нормалниот живот не се далеку. Никој не ги заборавил и никој нема да ги остави таму. И кога има одредени удари на територијата на Крим нема да биде тука крајот. Ќе има копнена операција, ќе си ги вратиме териториите. Наскоро сите ќе го видат нашето враќање дома“, изјави Буданов, пренесува Укринформ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Трамп му е многу лут на Путин

Путин не ја дава нуклеарката во Запорожје, ниту на Украина, ниту на Трамп

Катерина Ѓуровски

Зеленски: Примирје веќе ќе имаше доколку имаше вистински притисок врз Русија

АП: Русија подготвува нова офанзива

ВИДЕО: Експлодира лимузината на Путин

Зеленски му одговори на Трамп: Нема да ги вратиме парите

Предраг Петровиќ