Најмалку 133 луѓе загинаа, а 200 се повредени во вчерашната железничка несреќа што се случи во северниот дел на Индија.
Спасувачките екипи се уште се обидуваат да ги извлечат луѓето заробени под вагоните.
Несреќата се случила кога 14 вагони од патничкиот воз излетале од шините во близина на селото Права, во близина на индустрискиот град Канпура, додека поголемиот број патници спиеле. Возот сообраќал на линијата Патна – Индоре.
Локалните медиуми наведуваат дека во возот имало повеќе патници од дозволеното.
Железничката мрежа во Индија, една од најстарите во светот, и понатаму е главно превозно средства на подолги дестинации, но слабо се одржува и тешките несреќи се случуваат релативно често.