Бројот на жртвите од земјотресот во Еквадор достигна 272 лица

Од:

Билансот на жртвите од вчерашниот силен земјотрес во Еквадор достигна 272 лица и може да се зголеми, изјави еквадорскиот претседател Рафаел Кореа во своето обраќање до нацијата.

– Ова е најголемата трагедија во последните 67 години. Се прават напори за пронаоѓање на преживеани под урнатините, истакна Кореа, кој ја прекина посетата на Италија и веднаш се врати во земјата.

Тој нагласи дека досега е потврдена смртта на 272 лица, а 2.068 се повредени, додавајќи дека наскоро во најзагрозените реони се очекува да пристигнат две мобилни болници.

Во шест провинции во земјата е прогласена вонредна состојба.

Еквадорскиот министер за правда Леди Сунига изјави дека околу 100 затвореници избегаа од затвор по земјотресот, од кои 30 биле уапсени во градот Портовиехо, во провинцијата Манаби, која беше една од најтешко погодените од потресот со интензитет од 7,8 степени.

Голем број земји од регионот, меѓу кои Боливија, Колумбија и Венецуела, веќе испратија хуманитарна помош за Еквадор.

Би можело да ве интересира

Земјотрес со јачина од 3,2 степени ја погоди Романија

Силен земјотрес во централна Албанија

Силен земјотрес ја погоди Етиопија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бројот на загинати во земјотресот во Тибет се искачи на 126

Горан Наумовски

Путин: Русија ја споделува вашата тага

(ВИДЕО) Бројот на жртвите во земјотресот на Тибет се зголеми на 95, снема струја и вода

Горан Наумовски