Бројот на жртвите на тајфунот во Јапонија достигна 17 лица

Од:

Бројот на жртвите на силниот тајфун Випха, што ја зафати Источна Јапонија, достигна 17 лица, а спасувачките екипи ја продолжуваат потрагата по преживеани на малиот остров во близина на Токио.

Шеснаесет жители загинаа, а непозната е судбината за 50 лица, откако десетици домови беа разурнати од свлечишта на островот Иѕу Ошима, на 120 километри јужно од Токио, соопшти полицијата.

Жена загинала откако била повлечена од надојдени води во реонот на престолнината Токио. Се предвидува дека до вечер тајфунот Випха ќе ослабе до тропска бура.

 

Би можело да ве интересира

Човекот кој најдолго на светот чекаше за извршување на смртната казна е ослободен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поплави во Јапонија: Шест лица загинаа, има и исчезнати, градските улици под вода

(ВИДЕО) Први снимки од разорниот земјотрес во Јапонија

Силен земјотрес ја погоди Јапонија, издадено предупредување за цунами

Четири лица загинаа во пожар во Токио

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови