Бројот на жртви во земјотресот на Филипините достигна 107

Од:

Бројот на загинати во силниот земјотрес што вчера ги погоди Филипините достигна 107 лица, а спасувачките екипи продолжуваат да се борат за животот на затрупаните под урнатините, пренесува ДПА.

Речиси три милиони лица беа погодени од земјотресот со интензитет од 7,2 степени по Рихтер, што го погоди централниот остров Бохол, на 640 километри јужно од Манила.

Најмалку 97 лица загинаа во провинцијата Бохол, а други 10 на соседните острови Себу и Сикихор. Вкупно 276 лица се повредени, според податоците на националната агенција за управување со природни катастрофи.

 

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја погоди Канада

Земјотрес ја погоди Бугарија

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди Лисабон

Силен земјотрес во Карипското Море северно од Хондурас

Во близина на Санторини денес се регистрирани три земјотреси

На Санторини е прогласена вонредна состојба