Бројот на заразените со ХИВ-вирусот во Русија драстично зголемен

Од:

Бројот на заразените со ХИВ вирусот во Русија драстично се зголемил речиси двојно во последните пет години – од 370.000 на 703.000 според официјални податоци.

– Во годинава што изминува  бројот на заразените е за пет проценти поголем, отколку во 2011 година, што значи 62.000 случаи повеќе, изјави Вадим Покровски, кој го раководи Федералниот центар за борба против СИДА-та.

Независни експерти, меѓутоа сметаат дека реалната бројка на заразените е многу поголема од официјално познатата.

Според независни извори, над еден милион од вкупно 143 милиони лица се заразени од ХИВ вирусот во Русија.

Би можело да ве интересира

Падни пред нозете на Американците и капитулирај

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Украина: Русија сака да прогласи победа на 24 февруари

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Ројтерс: Русија би можела да и предаде на Украина замрзнати средства во вредност од 300 милијарди долари

Лавров: Помошта за Украина се обезбедува врз основа на кражба на руски имот и на штета на развојот