Бројот на заразени со Ковид-19 во светот речиси 4 милиони и 102 илјади лица

Од:

Бројот на заразени со новиот коронавирус во светот, според податоците на веб-страницата Ворлдметерс објавени утрово, изнесува 4.101.889 лица.

Излекувани се 1.441.815, а починаа 280.443 луѓе.

САД и натаму се на прво место по бројот на заразени – 1.347.309, како и по бројот на починати – 80.037.

Втора земја во светот, а прва во Европа е Шпанија со 262.783 случаи на коронавирус, додека на третото место е Италија со 218.268 заразени. Повеќе од 200.000 заразени – 215.260 има Велика Британија, додека Русија е на петтото место по број на случаи на Ковид-19, каде се потврдени 198.676 случаи на заразени со вирусот.

Според бројот на починати, прва во Европа е Велика Британија со 31.587 смртни случаи, а втора е Италија со 30.395 смртни случаи. Во Шпанија се регистрирани 26.478 смртни случаи, а во Франција 26.310.

Би можело да ве интересира

Анкета: Рекорден број Американци се идентификуваат како ЛГБТК+

Чистката во војската: Трамп го отпушти највисокиот генерал

Предраг Петровиќ

Путин и Трамп ќе се сретнат на крајот на февруари

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Ретка снимка: Руски бомбардер напаѓа американски дрон

А1он

„Економист“: САД се најголемата сила во светот, но Трамп не може да војува со сите

Трамп дефинитивно го спасува ТикТок: Во понеделник тој ќе потпише налог за продолжување на исклучувањето