Бројот на заразени со коронавирус во светот надмина 8.5 милиони

Од:

Според последните податоци, заклучно со 18 јуни, во светот со коронавирус се заразени 8.512.149 луѓе. Од нив починале 453.425, а оздравеле 4.455.611 луѓе.

Бројот на заразени со коронавирус во Перу надмина 240.000 лица, со што јужноамериканската земја ја надмина Италија по бројот на заболени. Перу се наоѓа на второ место по бројот на потврдени случаи на коронавирус во Латинска Америка, зад Бразил, а на седмо место во светот.

Мексиканското Министерство за здравство соопшти дека во последните 24 часа се потврдени уште 4.930 случаи на коронавирус, со што вкупниот број се зголеми на 159.793. Во земјата се регистрирани уште 770 смртни случаи и вкупниот број на починати во Мексико изнесува 19.080.

Во изминатото деноноќие во Албанија регистрирани се 66 новозаразени со Ковид-19, што е за 16 случаи повеќе од вчера, има еден починат и девет оздравени лица. И понатаму главно жариште на болеста е Тирана, од каде се дури 32 од новозаразените или 326 од вкупно 663 лица активни на болеста. Според Министертвото за здравство, поголемиот број од новозаразените во последните денови се вработени во разни бизниси, јавни и приватни институции. Во Албанија од болеста досега починаа 39 лица.

Во Црна Гора се откриени седум новозаразени со коронавирус. Во Институтот за јавно здравје анализирани се 200 примероци од кои 193 биле негативни. Четворица од новозаболените се контакти со претходно потврдени случаи, а кај останатите тројца моментно се бара изворот на инфекција.

Во БиХ во последните 24 часа се регистрирани 58 нови случаи на зараза со Ковид-19, со што вкупниот број изнесува 1.430 лица. Починати се вкупно 45 луѓе.

Во Словенија денеска се потврдени осум нови случаи на вирусот, што претставува пораст во однос на претходната недела. Досега во земјата заболеле вкупно 1.511 луѓе. Владата на седница треба да одлучи како ќе го спречи натамошниот раст на инфекцијата. Бројот на смртни случаи и понатаму останува непроменет – 109.

Националната организација за јавно здравје на Грција соопшти дека заклучно до 15 часот, регистрирани се 24 нови случаи на Ковид-19, а почина уште едно лице. Во земјата има вкупно 3.227 заразени лица и 188 смртни случаи.

 

Би можело да ве интересира

Разговараа Трамп и Путин

Предраг Петровиќ

Трамп Јуниор му се потсмева на Зеленски: „Уште 38 дена до губење на џепарлакот“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Снимки од силните земјотреси во Куба, паника насекаде

Предраг Петровиќ

Украина е пред судбоносна одлука: Ќе се повлече ли пред 50 илјади руски и корејски војници

Трамп победи и во Аризона, ги освои сите седум клучни држави

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Москва нападната со дронови, затворени аеродромите

Предраг Петровиќ