Бројот на загинатите во железничката несреќа во Шпанија достигна 80 лица

Од:

Бројот на загинати во железничката несреќа што се сличи синоќа кај шпанскиот град Сантјаго де Компостела, во северозападниот дел на земјата, се зголеми на 80 лица, објави шпанскиот весник „АБЦ“ на својот сајт.


Во несреќата се повредени околу 140 луѓе, од кои речиси 20 се наоѓаат во критична состојба.


Поради несреќата во Шпанија е прогласена тридневна жалост. 


Несреќата се случила кога возот излетал од шините и удрил во ѕид, при што четири вагони се превртеле, а во едниот избил пожар.


Во возот, кој патувал од Мадрид кон галицискиот град Ферол, се наоѓале 218 патници и четворица членови на екипажот.


Ова е една од најтешките железнички несреќи во историјата на Шпанија.

Би можело да ве интересира

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата