Бројот на питачи во Стокхолм драматично се зголемува

Од:

Бројот на бездомници меѓу ЕУ-мигрантите во шведската престолнина Стокхолм, меѓу кои мнозинството е од Романија и од Бугарија, е во драматичен пораст, јави дописникот на МИА од Гетеборг.

Општинското собрание во Стокхолм донесе одлука да формира посебен тим кој на терен ќе остварува контакти со бездомниците, а ќе биде отворена и „жешка телефонска линија“ на која луѓето ќе можат да се јавуваат со прашања или да рапортираат околу појавата на нови питачи и нивните кампови.

– Би можело да се работи за тоа дека некој сака да се јави поради тоа што е вознемирен околу состојбата во која се наоѓаат питачите, или дека забележал нов импровизиран камп  или шатор во близина на местото каде што живее, вели за „Дагенс нихетер“ Ана Кониг Јерлмир, одговорна за социјални прашања во градската управа.

Во Стокхолм, вели таа, се сметаше дека е веќе доволно направено за да им се помогне на питачите, но сега претстојат уште поголеми зафати.

Поставување на шатори и други видови импровизирани засолништа на општинското земјиште во Стокхолм, како ми на подрачјето на други шведски општини, не е дозволено – без оглед дали станува збор за шведски државјани или мигранти од други ЕУ-членки. Според досегашната пракаса, таквите привремени живеалишта, откако биле пријавувани на надлежните органи, можеле да останат на истите места уште неколку денови или недели, додека општинските служни да преземат неопходни мерки за нивно отстранување. Но и покрај тоа, питачите не ја напуштаат Шведска и често се селат од место до место.

– И понатаму се залагаме за една ефикасна стратегија на нивно враќање во земјите од кои што доаѓаат. Притоа ги разгледуваме можностите на питачите да им се обезбедат подобри социјални услови за живеење во нивните земји, но исто така се обидуваме да изнајдеме и решенија за алтернативни можности за издржување во Стокхолм, вели Ана Кониг Јерлмир.

Би можело да ве интересира

Шведската полиција откри кинески брод во близина на можна саботажа на два кабли на Балтикот

Шведска и Финска: Украина може да ја нападне територијата на Русија без ограничувања

Пукање во Шведска: Тешко ранет е тинејџер

Пукање во Малме, најмалку едно лице загина

Двајца Британци убиени, па запалени во Шведска

Горан Наумовски

Аларм во Стокхолм: Поради можна бомба евакуирана е Централната железничка станица