Бројот на нелегални влегувања во ЕУ е најголем од 2016 година.

Од:

Бројот на нелегални влегувања во Европската унија се зголемил за 70 отсто меѓу јануари и септември во споредба со истиот период во 2021 година, достигнувајќи го највисокото ниво од 2016 година, објави денеска Европската агенција за гранична и крајбрежна стража Фронтекс.

Според агенцијата, во првите девет месеци од годинава биле пријавени 228.240 нелегални влезови, од кои 33.380 во септември.

Западнобалканската рута сè уште е најчесто користена, со 106.396 мигранти кои влегле во земјата во првите девет месеци, што е за 170 отсто повеќе во однос на истиот период минатата година, се вели во соопштението на агенцијата.

Оваа рута најмногу ја користат сириски, авганистански и турски мигранти. Бројот на мигрантите кои пристигнале преку источномедитеранската рута во истиот период се зголемил за 118 отсто, а Централниот Медитеран за 42 отсто.

Би можело да ве интересира

Првиот авион со мигранти од САД слета во Гвантанамо

САД ќе подготват притвор за 30.000 мигранти во Гвантанамо

Во две акции на полицијата уапсени шверцери на мигранти

ВИДЕО: Колумбија попушти за мигрантите, Трамп се откажа од санкциите

ВИДЕО: Трамп почна масовна депортација на мигранти од Америка

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Масновните рации и депортации, Трамп ќе ги почне уште првиот ден: Чикаго прв на удар

Катерина Ѓуровски