Бројот на децата, кои изминатите неколку дена починаа во една болница во индиската држава Утар Прадеш поради енцефалитис и проблеми со испораката на кислород се зголеми на 60, соопштија денеска властите.
Тие наведоа дека се стравува дека биланост може и натаму да се зголемува.
Властите истакнаа дека е отворена истрага, а родителите на децата тврдат дека причина за смртните случаи е недостиг на залихи на кислород.
Меѓу децата, кои починале има бебиња, но и деца до 12 години.
Локалниот здравствен претставник Р.С. Шукла изјави дека барем десет деца во болницата „МРД Медијал колеџ“ починале од енцефалитис, болест која предизвикува воспаление на мозокот, додека останатите деца починале поради „проблеми со испораката“, но не наведе дополнителни детали.