Бројот на цивилни жртви во насилствата во Ирак во 2012 – најголем во последните три години

Од:

Во 2012 година во Ирак загинале вкупно 4.471 цивили како последица на активностите на бунтовниците, што е најголема бројка за последните три години, соопштија денеска активисти.

Бројот на загинати во изминатата година го надмина бројот на официјално регистрирани 4.059 убиени цивили во текот на 2011 година, што покажува дека бунтовниците се уште можат да извршуваат големи бомбашки напади, соопштува во својот годишен извештај групата за заштита на човековите права „Ирак ги брои телата“.

Во документот се констатира дека во минатата година се засилила напрегнатоста меѓу заедниците на шиити, сунити и курди во Ирак и дека секташката војна во соседна Сирија ја засилува напрегнатоста и меѓу сектите во регионот.

Во 2012 година во Ирак имало најмалку по еден голем бомбашки атентат месечно, по правило насочен врз силите за безбедност, покажуваат владините податоци.

Организацијата за заштита на човековите права во соопштението подвлекува дека 2012 година е првата по 2009 година, во текот на која има зголемување на бројот на цивилните жртви на насилство. „Последните податоци покажуваат дека земјата останува во состојба на војна со низок интензитет и дека положбата малку се променила во споредба со почетокот на 2009 година“, соопшти организацијата „Ирак ги брои телата“.

Во декември минатата година владата во Багдад покажа податоци според кои во текот на минатата година загинале 208 Ирачани, од кои 55 полицајци и 28 војници.

Според групата „Ирак ги брои телата“ од почетокот на странската воена интервенција во Ирак, во март 2003 година, која имаше за цел да го собори режимот на Садам Хусеин, досега во земјата загинале меѓу 110.937 и 121.227 цивили.

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски

Нападната е американска воена база во Ирак