Бројот на болни од колера во Јемен ќе достигне еден милион

Од:

Меѓународниот Комитет на Црвениот Крст предупредува дека хуманитарната состојба во Јемен драматично се влошува и дека бројот на граѓани заболени од колера ќе се искачи до еден милион до крајот на годината.

Александар Фејт, претставник на Црвениот Крст во Јемен, ги обвини двете завојувани страни во две и пол годишната граѓанска војна во Јемен, и шиитските бунтовници и сунитските сили, дека користат прекумерна сила и придонесуваат кон високиот број цивилни жртви од глад и болести. Фејт ги повика двете страни да дозволат отворање на аеродромот во главниот град Сана, кој е под шиитска контрола, за да се забрза испраќањето на хуманитарна помош до Јемен.

Во Јемен сега има 750.000 регистрирани случаи на колера, со над 2.000 смртни случаи, а до крајот на годината бројката може да се искачи до милион. Болеста е предизвикана од лоши хигиенски услови и недостиг на чиста вода за пиење.

Би можело да ве интересира

Израелската армија пресретна ракета лансирана од Јемен

Гутереш: Израелските напади врз цели во Јемен се особено загрижувачки

Израелски авиони нападнаа голем број цели во Јемен

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

САД нападна подземни складишта со оружје на Хутите во Јемен

Четири лица загинаа, а 30 се повредени во израелските воздушни напади врз Јемен