Четири бродови од кинеската крајбрежна стража навлегоа утрово за неколку часа во територијалните води крај спорните острови во Источното Кинеско Море, контролирани од Јапонија.
Пекинг редовно испраќа бродови во близина на архипелагот Сенкаку, за кои претендира.
Кина се стреми да ги модернизира своите вооружени сили, да го проширува морското присуство, врши опасни дејствија кон Јапонија и го нарушува нејзиниот морски простор, соопшти Министерството за одбрана во Токио, но додава дека „продолжува развојот на регионалната соработка со Кина“.