Брод со повеќе од 100 бегалци-Рохинџи пронајден во Индискиот Океан, над 20 мртви

Од:

Најмалку 20 луѓе починале од глад или жед на брод што две недели плуташе во водите на Индискиот Океан со повеќе од 100 етнички бегалци Рохинџи, објавија денеска две групи активисти од Мјанмар.

– Проценуваме дека дури 20 луѓе загинале, некои од глад и жед, а други откако скокнале во морето од очај. Ова е апсолутно ужасно и срамно, рече Крис Лева, директор на проектот Аракан, кој работи на поддршка на Рохинџите во Мјанмар.

Индиската морнарица и крајбрежната стража не одговориле веднаш на барањата за коментар.

Секоја година, многу членови на етничката група Рохинџи ги ризикуваат своите животи качувајќи се на дотраени, стари чамци во обид да стигнат до Малезија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Првиот авион со мигранти од САД слета во Гвантанамо

САД ќе подготват притвор за 30.000 мигранти во Гвантанамо

Во две акции на полицијата уапсени шверцери на мигранти

ВИДЕО: Колумбија попушти за мигрантите, Трамп се откажа од санкциите

ВИДЕО: Трамп почна масовна депортација на мигранти од Америка

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Масновните рации и депортации, Трамп ќе ги почне уште првиот ден: Чикаго прв на удар

Катерина Ѓуровски