Брод со имигранти потона во близина на Јемен

Од:

Најмалку 35 африкански имигранти се во неизвесност откако потонал ферибот во близина на брегот на Јемен поради невреме.

Властите во државата досега спасиле 13 луѓе, петмина Сомалијци и осум Етиопијци. Пронајдено е тело на еден Сомалиец.

Бродот превезувал 49 луѓе. Продолжува потрагата по останатите 35 имигранти.

Во изминатите пет години над 500.000 луѓе воглавно Сомалијци, Етиопијци и Еритрејци заминале во Јемен преку Аденскиот Залив и Црвеното Море.

Јемен досега прифатил околу два милиона имигранти повеќето незаконски, наведуваат експерти и хуманитарни организации. Дел од имигрантите остануваат во државата, а други продолжуваат кон Саудиска Арабија.

Би можело да ве интересира

Израелската армија пресретна ракета лансирана од Јемен

Гутереш: Израелските напади врз цели во Јемен се особено загрижувачки

Израелски авиони нападнаа голем број цели во Јемен

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

САД нападна подземни складишта со оружје на Хутите во Јемен

Четири лица загинаа, а 30 се повредени во израелските воздушни напади врз Јемен