Брод на германска хуманитарна организација вплови во Реџо Калабрија, 89 мигранти истоварени на брегот

Од:

Германската хуманитарна организација за спасување по морето, „Мишн Лајфлајн“ (Mission Lifeline) доби дозвола од својот брод да ги истовари на италијанскиот брег сите 89 мигранти, јави ДПА.

Италијанските власти одобрија спасените лица да го напуштат бродот „Рајс абав“ (Rise Above).

Тие се симнаа на пристаништето во градот Реџо Калабрија, појасни за ДПА портпарол на организацијата.

Изминатите неколку дена бродот превезе вкупно 95 луѓе од бродови во Средоземното Море. Мигрантите се обидуваа да стигнат од Северна Африка кон Европа.

Од медицински причини шестмина мигранти веќе беа евакуирани од бродот.

„Мишн Лајфлајн“ доцна синоќа дури доби дозвола да вплови во пристаништето Реџо Калабрија, откако претходно беше блиску до Сицилија, каде полека остануваше без гориво.

Околу 250 лица, на други два спасувачки брода, утринава сè уште чекаа за дозвола да се прикотват на копното, во пристаништето на сицилијанскиот град Катанија.

Италијанските власти засега одбиваат да ги пуштат на брегот, затоа што според нив, лицата на бродот не се во итна состојба.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Првиот авион со мигранти од САД слета во Гвантанамо

САД ќе подготват притвор за 30.000 мигранти во Гвантанамо

Во две акции на полицијата уапсени шверцери на мигранти

ВИДЕО: Колумбија попушти за мигрантите, Трамп се откажа од санкциите

ВИДЕО: Трамп почна масовна депортација на мигранти од Америка

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Масновните рации и депортации, Трамп ќе ги почне уште првиот ден: Чикаго прв на удар

Катерина Ѓуровски