Барнс: Путин знае дека засега не може да ја добие војната

Од:

Директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) Вилијам Барнс денеска оцени дека рускиот претседател Владимир Путин, соочен со тешкотиите на неговата армија во Украина, знае дека засега не може да ја добие војната, но е уверен дека ќе ја извојува конечната победа.

„Путин, според мене, денес мисли дека не може да победи веднаш, но не може себеси да си дозволи пораз“, изјави Барнс за американската телевизиска мрежа Си-Би-Ес (CBS).

Според него, Путин е целосно одлучен и премногу самоуверен во својата способност „да ја „исцрпи Украина“.

И наместо да размислува за излез, рускиот претседател „истрајува“, рече Барнс, кој некогаш беше американски амбасадор во Москва.

Во истото интервју, Барнс изрази загриженост за растечката воена соработка меѓу Москва и Техеран. Според него, Русија размислува да му помогне на Иран во ракетната програма и да го снабдува со борбени авиони.

Тој додаде дека оваа воена соработка се забрзува бидејќи Иранците веќе им испорачаа на Русите дронови кои биле користени во војната во Украина.

Би можело да ве интересира

Украина ќе ја заврти славината, рускиот гас за Европа ќе мора по нови рути

Предраг Петровиќ

Сестрата на севернокорејскиот лидер: Само лудаците од Сеул и Киев може да видат наши војници во Украина

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Каква војска испраќа Северна Кореја за помош на Русија на украинскиот фронт

ВИДЕО: Украинците објавија снимка и тврдат: Ова се севернокорејски војници во Русија

Нема да се измориме од помагање на Украина порача шефот на НАТО

Русите ja враќаат територијата во Курск