Бркале сериски убиец, а тој бил во затвор

Од:

Осомничениот за трите убиства на бездомници во Лос Анџелес е идентификуван како маж кој во тој момент бил во притвор. Тој беше уапсен претходно оваа недела во врска со убиството на маж од Сан Димас кој беше застрелан за време на грабеж во домот на жртвата. Осомничениот, идентификуван како Џерид Џозеф Пауел (33), беше формално уапсен во саботата во врска со убиствата на тројца бездомници кои беа убиени додека спиеле сами на тротоар или улица, изјави началникот на полицијата во Лос Анџелес, Мишел Мур на прес-конференција.

Пауел веќе беше во притвор во врска со убиството во Сан Димас што се случи во вторникот вечерта за време на грабеж во домот, соопшти полицијата.

Во тој случај, Пауел наводно го следел 42-годишниот Николас Симболон, вработен во Канцеларијата на извршниот директор на округот Лос Анџелес, од бензинска пумпа во Западна Ковина до неговиот дом. Таму тој го ограбил и пукал во него, а потоа избегал од местото на настанот, соопштија властите.

„За време на нашата истрага за убиство, успеавме да го идентификуваме возилото за кое веруваме дека е поврзано со сите три убиства како истото возило што го користеше Пауел во убиството на г-дин Симболон“, рече Мур.

Шерифот на округот Лос Анџелес, Роберт Луна, рече дека членовите на полицискиот оддел на Беверли Хилс го превземале возилото на Пауел во средата вечерта, а Пауел бил уапсен рано наутро во четвртокот. Луна рече дека возилото било следено од градските автоматски скенери на регистарски таблички.

– Пиштолот пронајден од возилото на Пауел е истото оружје користено во трите убиства, рече Мур.

Би можело да ве интересира

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија

САД испраќаат голем пакет помош за Украина

Американскиот секретар за одбрана: За 1.000 дена војна Путин не постигна ниту една стратешка цел

Песков: Има телефонска врска меѓу Кремљ и Белата куќа, но не е активна