Бритиш петролеум бара помош од премиерот Камерон

Од:

Мултинационалната компанија Бритиш петролеум (БП) побара од британскиот премиер Дејвид Камерон да преговара за неа со владата на САД поради растот на трошоците за оштета по изливањето нафта во Мексиканскиот залив во 2010 година.

Компанијата е загрижена за своето финансиско опоравување бидејќи наводно е злоупотребен системот за компензација на штети.

Репутацијата на битанската компанија е уништена со експлозија нафтената бушотина, од пред две години, во која настрадаа 11 лица, додека милиони барели нафта се излеаа во море.

Минатата година (БП) се согласи да плати оштета од 7,8 милијарди долари, што е најголемо парично обештетување во историјата на САД.

Британската компанија стравува дека конечната цифра ќе биде многу поголема, и се надева дека Камерон на самитот на Г8 кој треба да се оддржи во јуни во Британија, ќе помогне околу тоа прашање.

„Би би си“ пишува дека за добивање на оштетата било доволно компаниите кои работата во Мексиканскиот залив да покажат дека приливот на пари во одреден месец или месеци е помал во однос на месеците пред несреќата.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот