„Бритиш Ервејз“ се подготвува за голем штрајк

Од:

Авиокомпанијата „Бритиш Ервејз“ следната недела ќе се соочи веројатно со еден од најголемите штрајкови на пилотите, бидејќи одби да ги продолжи преговорите со синдикатот Балпа.

Пилотите најавија штрајк за в понеделник и вторник, како и на 27 септември, поради несогласување околу платите.

Штрајкот би можел да опфати околу 90 отсто од 4.300 вработени во „Бритиш Ервејз“.

Синдикатот соопшти дека пилотите на британската авиокомпанија првпат стапуваат во штрајк, поради кој 1.600 летови би можеле да бидат откажани следната недела, а тоа ќе загрози неколку илјади патници.

Управата на авиокомпанијата доцна синоќа го одби предлогот на синдикатот да нема штрајк доколку продолжат преговорите.

„Бритиш Ервејз“ не е единствена авиокомпанија која се соочува со штрајк на незадоволните вработени. Ирскиот „Рајанер“ најави штрајк овој месец, а францускиот „Ер Франс“ беше соочен со штрајк во 2018 година, пред да биде постигнат договор.

Би можело да ве интересира

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Медиуми: Генералниот штрајк во Србија не успеа, се работи како и обично

Брнабиќ за штрајкот на N1: „Богови на манипулацијата“

А1он

Вучиќ за генералниот штрајк: Има многу лудаци во Србија

А1он

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег