Британското разузнавање: Русите се обидуваат да ги одвлечат Украинците во Бахмут

Од:

Британското Министерство за одбрана го објави најновиот извештај на своето воено разузнавање за ситуацијата во Украина. Во него се наведува дека во текот на изминатите три дена, руските сили развија претходни помали напади околу градовите Павлијивка и Вухледар.

Според извештајот, руските команданти веројатно се обидуваат да развијат нова оска за напредување во регионот Доњецк со цел да ги одвлечат украинските сили од секторот Бахмут, каде што со месеци се водат тешки борби за контрола на истоимениот град.

Постои реална веројатност Русија да продолжи да освојува помали делови од територијата локално во тој сектор, но малку е веројатно дека Русија има доволно слободни сили во областа за да постигне оперативно значаен пробив, се вели во извештајот.

Би можело да ве интересира

Русите се почесто користат дронови во близина на Бахмут

Ана Ололовска

Лажна е фотографијата на која Путин е клекнат пред кинескиот претседател

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Русите фрлија бомба од 1500 килограми врз Украинци во Запорожје

Ана Ололовска

Словачка и предаде на Украина 4 авиони МиГ-29

Ана Ололовска

ВИДЕО: Зеленски го посети Херсон, вети дека ќе обнови сè

Ана Ололовска

Блумберг: Пригожин планира да се повлече од Украина

Ана Ололовска