Новиот руски закон за регрутирање не сугерира дека Путин се подготвува за „голем нов бран на присилна мобилизација“, туку се подготвува да преземе „подолгорочен пристап“ кон војната во Украина, велат британските разузнавачи.
Владимир Путин потпиша закон за процедури за електронско повикување во армијата со цел да се спречи избегнување на мобилизацијата.
„Властите најверојатно ќе ги казнат оние кои избегнуваат мобилизација со автоматско ограничување на нивното право на вработување и патување во странство“, се вели во најновиот разузнавачки извештај од Министерството за одбрана.
„Засега, Русија има приоритет на регрутирање на дополнителни доброволни трупи. Сепак, овој потег е многу веројатно дел од долгорочниот пристап за обезбедување персонал, бидејќи Русија предвидува продолжен конфликт во Украина“, заклучуваат разузнавачите.