Британското Министерство за одбрана објави нов извештај на своите разузнавачи за ситуацијата во Украина.
Во него се наведува дека и Русија и Украина напаѓаат со тешка артилерија во Северодоњецк на истокот на земјата и двете страни учествуваат во „интензивните борби во Донбас“.
Latest Defence Intelligence update on the situation in Ukraine – 19 June 2022
Find out more about the UK government's response: https://t.co/79ub72nmeH
?? #StandWithUkraine ?? pic.twitter.com/1Wi6bfCmmh
— Ministry of Defence ?? (@DefenceHQ) June 19, 2022
Разузнувањето наведува дека имало случаи на дезертирање кај Украинците во последните недели, но веднаш додаваат дека моралниот проблем на Русија е „особено сериозен“. Тие тврдат дека имало случаи на одбивање наредби од цели руски единици, а во некои случаи имало и престрелки меѓу војниците и нивните команданти.
Руските власти се обидуваат да извршат притисок врз дезертерите со легални средства, се вели во извештајот.
„Многу руски војници, без разлика на чинот, остануваат збунети и не ја разбираат вистинската цел на војната. Моралните проблеми во руските сили се веројатно толку значајни што ја ограничуваат способноста на руската војска да ги постигне оперативните цели“, се заклучува во извештајот.