Британските војници до 2019 година ќе си заминат од Германија

Од:

Министерот за одбрана на Велика Британија денеска соопшти дека британските војници ќе ја напуштат Германија порано отколку што се очекуваше-до 2019 година, пишува лондонски „Дејли мејл“.

Околу 10.000 војници ќе се вратат во татковината до крајот на 2016 година, а преостанатите околу 4.500 во 2019 година.

Британските војници се присутни во Германија од крајот на Втората светска војна кога дојдоа со цел да ја обезбедат стабилноста на земјата по падот на нацизмот, а останаа за да ги одвратат Русите од напредувањето од исток за време на Студената војна, пишува весникот.

Министерството за одбрана смета дека нивното враќање ќе значи заштеда од 240 милиони фунти годишно.

Од друга страна, тоа ќе значи и големи вложувања за обезбедување на нивното сместување во Велика Британија, бидејќи за нив и нивните семејства ќе се направат седум гарнизони.

Во овие седум гарнизони низ Велика Британија за станови и за инфраструктура ќе се инвестираат околу 1,8 милијарди фунти.

Би можело да ве интересира

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот