Британските власти ќе ги шпионираат социјалните мрежи

Од:

Британската Влада планира да вгради одреден број шпионски направи на телекомуникациски мрежи со цел да надгледува како нејзини граѓани ги користат сервисите како што се Фејсбук и Твитер.

Намерата на британската Влада е наведена во извештај кој беше објавен од парламентарниот комитет за безбедност и шпионажа.

Целта е да се надгледува активноста на речиси се што Британците прават на интернет – од разговори со семејството преку Скајп до посета на порнографски страници.

Британската Влада се правда дека пристапот до комуникациски податоци е исклучително важен за борбата против тероризмот и други видови криминал. Тие тврдат дека главна цел им е да имаат увид во податоците кој испраќа пораки, кога и како ги испраќа и кој ги прима. Клучен предизвик е тие податоци Владата да ги добие од компании од странство кои можеби не сакаат да одобрат барања на британските разузнавачки агенции, јавуваат британски медиуми.

Би можело да ве интересира

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот