Британските болници преоптоварени, одложени околу 50 илјади операции

Од:

Многу случаи на пациенти кои што не се означени како итни со недели ќе бидат на листата на чекање поради големиот прилив на пациенти во болниците во Велика Британија.

Од државната здравствена служба побараа болниците да одложат одредени процедури за да ослободат персонал и кревети за итни случаи, а ограничувањата ќе траат најмалку до крајот на јануари. Поради настанатата ситуација се претпоставува дека ќе бидат одложени околу 50 илјади операции.

Британскиот министер за здравство Џереми Хант се извини денеска поради проблемите и рече дека моментната ситуација „апсолутно не е тоа што би сакал“. Тој додаде дека болниците се соочени со огромен притисок во овој момент.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Невремето „Берт“ ја однесе првата жртва во Британија, илјадници без струја во Ирска

Катерина Ѓуровски

Рускиот амбасадор во Лондон ја обвини Британија за вмешаност во војната во Украина

Горан Наумовски

Елизабет Трас: Ни треба британски Трамп

А1он

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

Три жени ранети во престрелка во Англија

Јавниот долг на Велика Британија достигна 100 отсто од нејзиниот БДП