Британскиот Врховен суд во Лондон денеска ја отфрли тужбата поднесена од Светскиот ујгурски конгрес (ВУЦ), меѓународна асоцијација на Ујгурите во егзил, против британската влада, поради тоа штто, според тужбата на ВУЦ, не спровела истрага за увоз на памук од кинескиот регион Синџијанг.
ВУЦ покрена обвиненија против британската Влада, Управата за даноци и царини и Националната агенција за криминал.
Судијата Јан Дав го отфрли обвинението, но во исто време нагласи дека оваа пресуда не го поткопува консензусот за доказите за злоупотреби во индустријата за памук во кинескиот Синџијанг.
– Постојат докази за јасни и широко распространети злоупотреби во индустријата за памук во Синџијанг, кршење на човековите права и експлоатација на принудна работа, додаде Дав.
Извор: МИА