Британскиот премиер најави нови закони за регулирање на протести

Од:

Британскиот премиер Риши Сунак најави дека неговата влада ќе објави нови нацрт-закони за да ги спречи протестите што се шират во Велика Британија и ѝ отежнуваат на полицијата да спречи сериозни нарушувања во функционирањето на општеството.

Во последните години протестите, кои главно се организираа поради еколошки прашања, затворија големи делови од центарот на Лондон и блокираа клучни автопатишта, што и го отежнува на полицијата одржувањето на редот и спречувањето сериозни нарушувања.

Во 2022 година, британската Влада донесе закон за решавање на проблемот, но сега планира да воведе нов пакет регулативи, познати во јавноста како закони за јавен ред.

Предлогот за овој пакет закони беше објавен минатата година и моментално е во завршна фаза на дискусија во британскиот Парламент.

Според „Сандеј тајмс“, штрајковите во Велика Британија ќе се интензивираат, бидејќи наставниците се подготвуваат да ја прекинат работата, а медицинските сестри предупредуваат дека во февруари би можеле да штрајкуваат двојно повеќе.

Резултатот од гласањето меѓу наставниците кои припаѓаат на Националниот синдикат за образование ќе биде познат денеска, но Сандеј тајмс јави дека синдикални извори рекле оти нивните членови во Англија и Велс се за тоа штрајковите да почнат во февруари.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година