Британскиот парламент одобри закон за водење тајни судски процеси против тероризам

Од:

Домот на општините на британскиот Парламент вчера го одобри предложениот од владата закон за тајни судски процеси против лица, осомничени за тероризам.

Законот, меѓу другото, ќе овозможи значително олеснување на работата на британските тајни служби за прислушување на телефонски разговори и пресретнување на електронска пошта.

Новата мерка беше изгласана од мнозинството пратеници. Таа беше за првпат разгледана во јули 2005 година по терористичките напади во Лондон. Во серијата експлозии, извршени во метрото и јавни автобуси, загинаа над 50 лица.

Мнозинството пратеници сметаат дека тајните судски процеси треба да се водат само во случаи, кога прашањето на националната безбедност е поважно од организирањето на отворени судски процеси.

Би можело да ве интересира

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот