Британскиот министер за здравство се повлече од трката за премиер

Од:

Британскиот министер за здравство, Мет Хенкок се повлече од трката за лидер на Конзервативната партија и за премиер на Велика Британија и на тој начин останаа уште шест кандидати.

– Учествував како кандидат на иднината, но партијата е ориентирана да бара кандидат за конкретните состојби, со кои таа е моментно соочена, истакна Хенкок, додавајќи дека ќе се поврзе со останатите претенденти и ќе помогне во изборот.

Лондонскиот весник „Гардијан“ пишува денеска дека некои кандидати за лидерската функција во партијата ја разгледуваат можноста да се здружат, со цел да не му дозволат победа на поранешниот шеф на британската дипломатија Борис Џонсон.

Би можело да ве интересира

Бизарна кражба во тоалет во ресторан во Англија – сопственикот е шокиран

А1он

Затворени 300 пабови: 4.500 луѓе останаа без работа

(ВИДЕО) Маж запали Куран пред турскиот конзулат во Лондон

Масовно затворање пабови во Англија

А1он

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија