Британскиот министер за транспорт Грант Шапс најави кандидатура за лидер на Конзервативната партија

Од:

Британскиот министер за транспорт Грант Шапс најави дека ќе се кандидира за премиерската функција.

Тој изјави за лондонски „Сандеј тајмс“ и додаде дека доколку биде избран, ќе предложи итно усвојување на буџетот во првите 100 дена за намалување на даноците за најзагрозените и обезбедување државна поддршка за компаниите со високо ниво на потрошувачка на енергија.

„Имавме две и пол години тактичко владеење од често расеан центар. Мора да заврши. Мора да бидеме стратешка влада, трезвени во нашите анализи“, нагласи Шапс.

Весникот објави дека целта на Шапс е да се справи со кризата на трошоците за живот и да ја обнови британската економија за да биде најголема во Европа до 2050 година.

Покрај Шапс, британскиот министер за одбрана Бен Волас, еден од фаворитите за наследник на британскиот премиер Борис Џонсон, изјави дека одлучил да не се кандидира за позицијата лидер на Конзервативната партија.

Својата кандидатура за наследник на Џонсон ја објави и поранешниот британски министер за финансии Риши Сунак.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Велика Британија испраќа воената помош за Украина од 580 милиони долари

Инцидент во Велика Британија: Полицијата пукаше и уби маж кој тргнал кон нив со нож

Лами: Путин мора да прифати безусловен прекин на огнот

Стармер најави план од четири точки за да и помогне на Украина

Лосон: Со Македонија сме партнери во НАТО и работиме заедно на стратешки цели

Горан Наумовски

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски