Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Од:

Пет припадници на специјалната единица на британската армија (САС) се под истрага за можни воени злосторства извршени во Сирија пред неколку години, јавува Би-би-си.

Засега нема уапсени, но увид врши Единицата за тешки криминали при Министерството за одбрана. Голем број специјални сили на Обединетото Кралство беа распоредени во Сирија во текот на изминатата деценија во операциите против Исламската држава.

Министерството за одбрана соопшти дека сериозно ги сфаќа наводите за можни престапи. „Сите наводи за кривични дела ќе бидат упатени во полиција за понатамошна истрага“, рече портпаролот на Министерството.

Истрагата, наводно, е фокусирана на инцидент што се случил пред две години кога еден од џихадистите бил убиен.

Британските војници, според нивните претпоставени, употребиле прекумерна сила при апсењето на мажот, но процениле дека џихадистот имал намера да изврши самоубиствен напад и го убиле.

Сепак, министерството тврди дека ова не е изолиран случај и дека има уште „застрашувачки“ сведоштва за воени злосторства. Единиците на САС со години дејствуваат во Сирија, а до пред неколку години во Авганистан.

Исто така, во тек е истрага за тоа дали специјалните сили на Обединетото Кралство убиле цивили и невооружени луѓе во ноќните напади во Авганистан помеѓу 2010 и 2013 година.

Би можело да ве интересира

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски

Ердоган: Турците, Курдите, Арапите и Персијците нема да наседнат на игрите на империјалистите „раздели па владеј“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Снежно невреме ја парализираше Велика Британија, откажани летови и во Германија

Катерина Ѓуровски

Германија објави план за враќање на бегалците од Сирија

Ал Шара: Изборите во Сирија би можеле да се одржат најмногу за четири години