Британски пратеник уапсен во бифето на Парламентот во Лондон

Од:

Британскиот пратеник Ерик Џојс (52) е уапсен синоќа и оставен во притвор, по тепачката што ја предизвика во бифето на Парламентот.

Претставник на лондонската Метрополитен полиција изјави дека полицајците била повикана да интервенира по еден инцидент во парламентарното бифе.

Уапсениот Џојс кој е независен пратеник за Фалкирк во Шкотска, ја помина ноќта во притвор и таму останува и денеска, се до завршување на сослушувањето. Според изјавите на сведоците во бифето, каде освен пратеници, вработени во Парламентот имало и новинари, нередите го предизвикал Џојс. Тој дошол таму веќе напиен, по долгиот престој во пабот „Вестминстер“ каде најчесто се собираат парламентарците и почнал да се расправа.

Кога двајцата полицајци кои дошле да испитаат за што станува збор, пратеникот Џојс почнал да се расправа и со нив. Одбил да престане со пиењето и да си оди дома за да се наспие. Кога еден од полицајците сакал да го одведе од барот, пратеникот се нафрлил врз него, па морал да интервенира и другиот полицаец за да го смират и приведат борбениот пратеник.

Ерик Џојс до минатата година беше пратеник на опозиционата Лабуристичка партија, но по судирот со раководството, ја напушти партијата и сега дејствува како независен пратеник.

Би можело да ве интересира

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот