Британски полицаец призна дека му продавал службени информации на „Сан“

Од:

Поранешниот британски полицаец Џејмс Боус (30) призна на судењето во Лондон дека му продавал службени информации на весникот „Сан“.

Боус кој како полицаец работеше во полицијата на анаглиската област Западен Сасекс, беше обвинет за давање полициски информации за три „важни истраги“ во 2010 година. За возврат, Боус добил 500 фунри. Судијата соопшти дека казната за полицаецот ќе биде изречена во првата половина од мај.

Боус не беше задржан во притвор, туку беше пуштен на слобода, без кауција, до изрекувањето на пресудата. Сите полицајци кои досега беа осудени за продавање податоци и вести на лондоските таблоиди, добија меѓу десет и 15 месеци затворска казна.

Вкупно 60 лица се досега уапсени во рамките на истрагата на Скотлана Јард за корупција во јавните служби, во врска со продавањето службени информации на весниците.

Оваа истрага се води паралелно со истрагата за прислушување на говорната пошта на мобилните телефини на низа познати и истакнати јавни личности во Велика Британија.

Би можело да ве интересира

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот