Британски полицаец призна дека му продавал службени информации на „Сан“

Од:

Британскиот полицаец Алан Тирни (40) кој повеќе не е во Метрополитен полицијата, призна денеска на судењето во Лондон дека за пари им давал на новинари од весникот „Сан“ службени информации за познати личности во британскиот јавен живот.

Во текот на 2009 година, Тирни на овој најтиражен весник во Велика Британија му ги продал информациите за обвинувањето против мајката на фудбалерот на „Челзи“ и тогаш капитен на репрезентацијата, Џон Тери. Против мајката на Тери полицијата имала само сознанија и пријави од продавници дека таа е клептоманка и дека краде по дуќаните, но полицијата во тоа време не била вклучена во истрагата, ниту имало официјално обвинување. Овој бивш полицаец му продал приватни инфомации „Сан“ и за гитаристот на „Ролинг Стоунс“, Рони Вуд.

На денешното прво сослушување во судот, вината ја призна и затворскиот службеник Ричард Транкфилд, кој им продавал службени тајни и информации на весниците.

Обајцата беа уапсени и обвинети во рамките на операцијата на Скотланд Јард „Елведен“ против корупцијата и злоупотребата на јавната служба. Оваа операција траеше паралелно со истрагата за прислушување на мобилните телефони на познати и популарни јавни личности.

Други седум лица, меѓу кои е и Ребека Брукс, поранешен главен уредник на „Сан“ и извршен директор на мардоквата компанија „Њуз Интернешенел“ ќе се појават на судење за купување или продавање на информации за весниците. Покрај Брукс, ообвинети се и уште двајца новинари-репортери на „Сан“, како и тројца јавни службеници-двајца полициајци и вработен во Министерството за одбрана.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Британскиот министер за одбрана: Очекуваме САД да ја поддржат Украина се додека е потребно

Високи британски функционери подготвија детален план во случај на смрт на познатиот мачор Лери од Даунинг Стрит

A1on

(ВИДЕО) Гори историската зграда Сомерсет во центарот на Лондон, пожарот го гаснат стотина пожарникари

A1on

(ВИДЕО) Нови немири во Британија, демонстрантите фрлаа со камења врз полицијата, има повредени

Горан Наумовски