Тројца членови на Горниот дом на британскиот Парламент (Домот на лордовите), се обвинети денеска за давање согласност да бидат лобисти,што е во спротивност со парламентарните прописи,пишува лондонскиот неделник „Сандеј тајмс“.
Преправени репортери на весникот,лажно претставувајки се како претставници на една,инаку,измислена компанија за соларна енергија, успеале да намамат тројца лордови да прифатат како лобисти,за пари,да делуваат во Парламентот и посебно во неговиот Горен дом, за бизнис интересите на „компанијата“.
Унионистичкиот пер,лорд Лерд,како и членовите на овој парламентарен дом од редовите на лабуристичката партија,лорд Мекензи и лорд Канингам,биле намамени да делуваат како „платени адвокати“ кои нудејки закони,прописи или амандмани на постоечките закони и помогнат на „компанијата„ да оствари повисок профит на пазарот.
Тројцата лородви изјавија дека не се виновни,но согласноста за лобирање означува повреда на прописите на британскиот Парламент. Лобирањето не е дозволено ниту за пратениците, а ниту за лордовите.
Откритието на „Сандеј Тајмс“ доаѓа по оставката што во петокот ја поднесе пратеникот на конзервативната партија Патрик Мерсер кој самиот призна дека прифатил да лобира за една компанија.
Ова не е прв пат овој лондонски неделник да учествува во вакво „ловење“ на лордовите.Слична афера беше откриена пред неколку годиини,кога неколкумина членови на Горниот дом мораше да поднесат оставка,иако не се откри дека било кој од нив имаше земено пари.