Британската воена морнарица во спасувачка мисија во реонот на Карибите

Од:

Британската воена морнарица, со единица од маринци и со инжинерци се итно префрлени на Карибите, за да учествуваат во спасувачка мисија и за санирање на последиците од налетот на ураганот Ирма врз британските прекуморски територии и колонии во овој регион.

Заменик-министерот за надворешни работи Ален Данкан ги извести пратениците во британскиот Парламент за тешките разурнувања што ги предизвика ураганот, таму каде досега помина.

Според Данкан, најтешко се погодени Британските Девствени Острови и прекуморската територија Ангуила, посочувајќи дека на определени места дури 90 отсто од патиштата се целосно уништени, па островот се соочува со ситуација да не може низ него да се патува, ниту да се достави помош.

Големи оштетувања има и на островот Монстерат, иако тие се помали од оние за кои првично се мислеше, додека другата прекуморска територија островите Туркс и Кајкос допрва треба да бидат погодена од разурнувачката сила на ураганот.

Како прва мерка за помош, се определени 12 милиони фунти.

Во овој регион на одмор престојуваат повеке илјади британски туристи, за кои во моментот на дивеењето на Ирма нема никакви шанси тие да се вратат во Велика Британија.

Според извештај на британската заедница на туристички оператори, има сознанија дека Британците во реонот на Пунта Кана на источниот брег од Доминиканската Република, хотелските власти биле принудени да ги евакуираат гостите од еден тамошен хотел, чиј покрив бил однесен од силниот ветер.

Засега нема извештаи за повредени меѓу туристите и посебно на гости од Велика Британија, но медиумите во Лондон јавуваат дека ураганот им нанел тешки последици и на низа мали, приватни острови.

Меѓу нив е и островот на британскиот милијардер Ричард Брансон, но се јавува дека меѓу тешко погодените се и имотите на претседателот на САД Доналд Трамп на островот Сент Мартин и на британската поп ѕвезда Мик Џегер.

Овој остров има и француски и холандски дел, па владите на овие три земји се спогодија на заедничка операција за спасување на луѓето и за санација на последиците.

Од ураганот досега се погодени Антигва и Барбуда, први во налетот на Ирма Сент Мартин, Ангуила и Сент Бартс, како и Британските Девствени острови и Порторико, а се очекува да ги зафати и Хаити, Куба, Бахами и на крај и Флорида.

Би можело да ве интересира

Рускиот амбасадор во Лондон ја обвини Британија за вмешаност во војната во Украина

Горан Наумовски

Елизабет Трас: Ни треба британски Трамп

А1он

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

Три жени ранети во престрелка во Англија

Јавниот долг на Велика Британија достигна 100 отсто од нејзиниот БДП

ВИДЕО: Британскиот тајкун исчезна, ден претходно беше убиен неговиот деловен партнер

Катерина Ѓуровски